Во каква кондиција е буџетот?

Заев и Анѓушев прогнозираат дупка во буџетот од 2 милијарди евра

Поранешниот премиер Зоран Заев синоќа во интервју за емисијата „360 степени“ изјави дека во македонскиот буџет недостигаат две милијарди евра, при што додаде дека тоа не треба да се крие и дека тоа треба да го знаат граѓаните. И Кочо Анѓушев, поранешниот вицепремиер за економски прашања во владата на Заев ја потврди катастрофалната кондиција во која се наоѓа буџетот на Македонија.

Заев прогнозира дека реализацијата на буџетските приходи ќе биде околу 30 – 40 проценти, што значи дека ќе недостигаат 60 проценти од планирана наплата во буџетот.

„Мерката која ја предлагаме за кратење на платите на администрацијата можеби и нема да биде доволна затоа што недостигаат некаде околу две милијарди и 200, тоа се 60 отсто“, рече Заев. Тој додаде дека во моментов владата има усно одобрение за добивање на кредит во износ од 600 милиони евра, но тоа е малку затоа што до 2,2 милијарди имаме уште 1,6 милијарди евра. Но понудата на пари веќе не е така голема затоа што поголемите пари веќе ги земаа поголемите држави“, рече Заев.

И Анѓушев прогнозира катастрофална состојба со буџетот на Македонија и дека буџетската дупка ќе биде две милијарди евра. Тоа значи дека државата во наредните месеци ќе има проблем со исплата на плати на администрацијата.

Во интервјуто за ТВ 21, Анѓушев вели дека мерката сите во администрацијата да земаат плата од 14.500 денари во април и мај, може и нема да може воопшто да се спроведе затоа што можеби ќе нема и за тоа пари во буџетот ако државата не преземе итни мерки.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе