Софија

Заев-Георгиева: Светска банка да ги поддржи проектите за развој на општините

Светска банка да ги поддржи проектите поврзани со локалниот економски развој на општините во Република Македонија, овозможувајќи им поголема финансиска самостојност и создавање услови за економски раст. Ова денеска го истакнаа премиерот Зоран Заев и извршната директорка на Светска банка Кристалина Георгиева.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев од денеска престојува во Софија по повод Самитот на ЕУ за Западен Балкан.

Заев и Георгиева, како што се наведува, изразија заедничко задоволство од досегашната соработка и аранжмани меѓу Република Македонија и Светска банка, особено во делот на поддршка на банката во финансирање на инфраструктурните проекти како што е рехабилитацијата и реконструкцијата на регионалните и магистралните патни правци.

На средбата премиерот Заев ги елаборирал проектите за енергетска независност и за борба против аерозагадувањето за што е предвидено Владата со поддршка на банката, да формира Фондови за енергетска ефикасност и за борба против загадувањето.

„Заев и извршната директорка на Светска банка се согласија дека во таа насока се добредојдени финансиските аранжмани кои ја препознаваат иднината за енергетска независност со поддршка за нови капацитети за обновливи енергија, особено во делот на фотоволтаичните електрични централи“, се вели во соопштението. 

Георгиева, како што се наведува, истакна дека оптимизмот, реформите и развојот на Република Македонија во минатата година се препознаени и изрази подготвеност банката да ги земе предвид и другите проекти, како што се иницијативите за трговија и транспорт од стратегијата за поврзување на Западниот Балкан што произлезе од Берлинскиот процес.

На средбата Георгиева истакнала дека банката е подготвена, заедно со институциите во нашата државата да изготви студија за темелна проценка на идентификација на потенцијалите на Република Македонија за економски и општествен раст, која може да биде основа за идната стратегија за раст и за креирање нови работни места.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе