Заев: Економскиот раст од 4,1 отсто e потврда за исправноста на нашите политики

Добрите вести доаѓаат во серија. Економските параметри се одлични. Растот на БДП од 4,1 отсто објавен денеска е силен показател за исправноста на сите политики и програми што ги реализираме, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција во Владата со вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Во првиот квартал имаме раст од 4,1 отсто, што е највисокиот квартален износ во последните две години. Математички прецизно има разлика. Разликата од пред две години е 4,1 процент. Очекуваме разликата да се зголемува зашто во вториот квартал стапката на раст на БДП во 2017 година беше минус 1,8 отсто. Со оваа изразита разлика паѓаат во вода вчерашните небулози на ВМРО-ДПМНЕ дека нема напредок во економијата. Податоците ги демантираат сите нивни лажни информации“, рече премиерот.

Според него, овој раст и оваа бројка, се силен показател за исправноста на сите политики и програми, што се реализираат и креирање силна економија која, како што рече, отвора шанса за сите граѓани.

Истакна дека е економскиот раст е очекуван и оти важно е што тој е стимулиран од реалната економија.

Заев смета дека растот во овој квартал и трендовите во првата половина од годината даваат сигнал дека може да се очекува и надминување на проекцијата.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе