Задутре завршува рокот за аплицирање за мерката 121 „Набавка на приплоден добиток"

Преку програмата за Рурален развој на располагање се 91 милион денари за набавка на приплоден добиток односно, педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници ( со исклучок на расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.

Како што соопшти, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, новина со повикот е тоа што сите баратели прво треба да достават барање за користење на средства, откако ќе склучат договор, да ја отпочнат реализацијата на инвестицијата. Претходно, прво се набавуваше приплоден добиток, па потоа се бараше поврат на средствата.

Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој. Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува до 6,5 милиони денари.  Повратот на средства за оваа мерка се движи од 50 до 75  проценти од вкупната вредност на инвестицијата во зависност од тоа во какви услови се одгледуваат, дали носител на земјоделското стопанство е млад земјоделец или пак жена.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година.

Согласно со измените на програмата за Рурален развој, барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.

Фармерите кои сакаат да аплицираат за добивање средства преку оваа Програма треба да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документи предвидени за мерка 121, подмерка 121.1. Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување.

Претходно за оваа мерка на располагање беа 14 милиони денари. Со ова драстично зголемување на средствата,  според Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се дава стимул за развој на сточарството во земјава.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе