За справување со економските последици од пандемијата

Забрана за извоз на пченица и брашно до 30 април, бескаматни кредити за компаниите

Одлука за ограничување на извозот на пченица и наполица и брашно од пченица или наполица до 30 април 2020 година, со можност за продолжување доколку состојбата со пандемијата го бара тоа, донесе Владата на вечерашната седница.

Оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба е усвоена со цел да не се нарушат состојбите на пазарот во земјата, и да  се обезбедат доволни количини на брашно во земјата во услови на зголемена побарувачка на пазарот за овие производи, предизвикана со прогласувањето на пандемијата од СЗО и во услови на ограничен  увоз на брашно поради донесената одлука за забрана на извоз на брашно и други производи од Република Србија во времетраење од 30 дена, кое завршува до средината на април 2020.

Владата исто така усвои и Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезинфекциони средства. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале на 11 март 2020 година, кога од страна на Светската Здравствена Организација  е прогласена пандемија на Коронавирусот COVID-19 и ќе се применуваат до 30 април 2020 година.

Исто така, ќе се одложи полагање на испитот за вештаци, правосудниот испит, испитот за медијатори и испитот за нотари додека трае вонредната состојба.

Што се однесува до економските мерки за справување со последиците од коронавирус, секоја компанија, во зависност од бројот на вработени, ќе може да добие од 3 до 30 илјади евра. Микро компаниите, до 10 вработени, ќе може да подигнат кредит од 3 до 5 илјади евра, малите компании со 10 до 50 вработени, ќе може да подигнат кредит од 10 до 15 илјади евра и средните компании со 50 до 250 вработени, ќе може да подигнат кредит од 15 до 30 илјади евра. Кредитите се бескаматни, со каматна стапка од 0 проценти со грејс период од 6 месеци и рок на отплата од 2 години.

Втората мерка се однесува на поддршка за компаниите во делот на исплатата на плати со субвенционирање на придонеси за вработените во компании од секторите туризам, транспорт, угостителство и други погодени компании, за месеците април, мај и јуни од 2020 година, со субвенција на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година, под услов компанијата да не го намали бројот на вработените под бројот на вработени во месец февруари од 2020-та година и ова да важи од денот на користење на мерката; понатаму, компанијата да не исплати дивиденда во текот на 2020 година, до денот на поднесувањето на годишна сметка, односно финансиски извештаи за 2020 година и компанијата да нема исплатено награда-бонус по влегување во сила на мерката. Само компаниите што имаат остварено добивка како финансиски резултат од работењето во 2020 ќе вратат субвенции за придонес во износ од 50% од добивката пред оданочување што значи дека мерката директно е насочена да им помогне на компаниите што оствариле послаби финансиски резултати во 2020 поради корона вирусот.

Владата исто така ја усвои и Одлуката за забрана на продажба на масло за горење екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ-1 со содржина на сулфур најмногу до 0,1% (m/m), на бензинските станици во периодот од 15 aприл до 15 oктомври 2020 година. Оваа одлука е донесена од причини што грејната сезона завршува на 15 април и тој вид на гориво исклучиво е наменето за затоплување на просториите на домаќинствата и на другите деловни простории, а неговата натамошна продажба после 15 април се забранува за да не се користи за погон на моторни возила и за другите видови на мотори.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе