Забрана на Бочварски, во Министерството за транспорт нема да може веќе да се полнат електричните тротинети

На огласната табла на Министерството за транспорт и врски од неодамна има ново соопштение - забрана за полнење на електричните тротинети, велосипеди, веспи... по канцеларии. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на универзалните мерки за штедење на стрија, ја додаде и оваа.

 

Од 1 септември, со одлука на Владата, државните институции треба да трошат 15 отсто помалку струја споредено со истиот месец лани. Најавени се и санкции за раководителите на институциите доколку не ја спроведат оваа мерка.

Со мерките се предвидува намалување на грејните тела и клима уредите,  гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, климите за ладење да се местат не помалку од 27 степени, а во сезона на греење не повеќе од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се печатат само потребните материјали и да се заменат прозорците со енергетски ефикасни.

Овие мерките важат до 31 март 2023 година.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе