За три месеци отворени 93 нови онлајн продавници

Раст од околу 75 проценти на онлајн трансакциите е забележан во првиот квартал од годината, а за 126 проценти е зголемен прометот кон домашните е-продавници за 126 проценти, објави Асоцијацијата за е-трговија, повикувајќи се на податоците од Народната банка за безготовински платежни трансакции до 30 март годинава.

Според овие податоци, вредноста на онлајн трансакциите во земјата и во странство изнесува 86,6 милиони евра, што во споредба со истиот период лани кога се реализирале 49,6 милиони евра, претставува пораст за 74,6 проценти. Бројот на направени трансакции бележи пораст од 65 проценти, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена. Во првите три месеци од 2021 година реализирани се вкупно 3.228.182 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 1.954.957 онлајн трансакции во текот на првите три месеци од 2020 година.

За првите три месеци од годинава, граѓаните потрошиле 65,3 милиони евра за онлајн купување од домашни продавници што претставува пораст од 125,8 проценти во однос на истиот период лани. Во вкупната вредност на направени трансакции во овој период, трансакциите кон домашните компании учествуваат со 75,4 проценти.

„Е-трговијата повеќе не е избор, туку неопходност за компаниите да остварат раст и да достигнат до нови клиенти. Пандемијата уште повеќе го нагласи тоа и се повеќе домашните компании се адаптираат отварајќи нов канал за продажба – онлајн. Купувачите од друга страна стекнуваат дигитални вештини и ги менуваат навиките, што се рефлектира и преку трицифрениот раст од 126 проценти во вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. Растат дигиталните вештини, довербата во домашните е-продавници, е-трансакциите и домашната понуда“, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, која се надева дека овој тренд ќе продолжи.

Заклучно со 30 март годинава во земјава активни се 1.552 виртуелни ПОС уреди. За период од три месеци отворени се нови 93 онлајн продавници. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе