За субвенции за земјоделството може да се аплицира до 31 јули

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), ги информира сите корисници на финансиска поддршка во земјоделството, дека почна аплицирањето за добивање на субвенции за земјоделството, а крајниот рок за доставување на барањата е 31 јули.

„Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така, до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели, свињи, а може да се аплицира и за финансиска поддршка за  заклани животни во кланица“, вели директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страната на Агенцијата. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во  Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Бабовски исто така апелира при барање на помош од страна на вработените во Подрачните единици, барателите да користат заштитни маски и средства за дизинфекција, сѐ со цел превенција и заштита од вирусот ковид-19.

Апликантите пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодветствување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето.“

Бабовски уверува дека како и досега, пари за субвенции за земјоделството има и дека на сите кои ги исполнуваат условите за користење на оваа поддршка, а согласно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе