За субвенции аплицирале вкупно 65.544 земјоделци

Вкупно 65.544 земјоделци поднеле барање за субвенции до 31 јули кога беше крајниот рок за аплицирање, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР).

Од Агенцијата оценуваат дека успешно е завршен процесот на пријавување за користење финансиска поддршка во земјоделството.

„Аплицирањето се одвиваше електронски. Но, еден дел земјоделци кои не знаеја сами да аплицираат, и оваа година, како и минатите, побараа помош од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Согласно препораките за превенција од ковид-19 и почитување на протоколите, сите кои исполнуваа услови согласно Програмата за земјоделство, поднесоа барања за користење на финаниска поддршка во земјодделството“, вели директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе