За шест месеци Македонците потрошиле 69,4 милиони евра за купување на интернет

Вкупно 69,4 милиони евра потрошиле македонските граѓани во првата половина од годинава за купување производи од македонски компании кои продаваат онлајн во земјава, што претставува раст од 113,5 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Според Асоцијацијата, податокот говори за трендот „е-трговија” и треба да служи како мотивација за бизнисите да го искористат овој модул и да се префрлат кон онлајн наплата. Покрај тоа што ќе имаат можност побрзо да се адаптираат на промените од ковид-19 и да се здобијат со нови купувачи и пазари, тие со е-плаќањето ќе ги автоматизираат процесите и директно ќе придонесат кон намалувањето на сивата економија.

Во период на зголемено онлајн купување кога бројките од податоците на Народната банка на РСМ покажуваат 36 проценти раст на онлајн трансакциите и драстично зголемување на нови е-продавници во нашата држава, од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија велат дека продолжуваат со едукација на сите оние кои што сакаат да се запознаат со е-трговијата преку веб платформата ecommerce4all.mk преку лансирање на модулот за е-плаќање.

Модулот ги содржи сите информации за е-плаќање на едно место, каде детално е објаснет процесот на една онлајн трансакција со што се укажува на безбедноста на целиот процес, но прикажани се и понудата и можностите кои се нудат од домашните банки за имплементација на онлајн плаќање.

„При мапирање на проблемите за развој на е-трговијата, како еден од проблемите кој се појави беше и недоволна информираност за можностите кои се нудат при имплементација на платежен процесор во Република Северна Македонија. Земајќи го ова предвид, како и зголемениот број на трансакции кои се прават преку интернет лансиравме нов модул на бесплатната едукативна платформа кој има за цел да ги запознае сите граѓани за безбедноста при онлајн купување од една страна, но и да ги информира бизнисите за процесот и понудата за ипмлементирање на е-плаќање од друга страна“,  велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Тие преку интернет платформата „ecommerce4all.mk“ едуцираат за безбедно и легално онлајн продавање и купување, намалување на сивата економија, зголемување на конкурентноста на постоечките е-трговци и отворање на нови е-продавници. Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе