Ерсте Групацијата и Шпаркасе Банка Македонија

За проектно финансирање на „Богословец“ 51 милиони евра

Ерсте Групацијата и Шпаркасе Банка Македонија се меѓу институциите што го финансираат „Богословец“, ветерен парк кој треба да биде завршен во 2023 година. За првиот приватен проект за ветерници во Северна Македонија, „Богословец“, кој ќе има вкупен капацитет од 36 MW, се предвидува финансирање во вкупна вредност од 51 милиони евра.

Дејствувајќи како единствен овластен организатор, поголем заемодавател и застапник, Ерсте Групацијата ја организираше и ја структурираше трансакцијата и ги покани локалните банки, вклучително и Шпаркасе Банка Македонија, да бидат меѓу институциите што обезбедуваат финансирање со рок на доспевање од 17 години.

„За Шпаркасе Банка Македонија претставува голема привилегија што заедно со Ерсте Групацијата го развивме овој проект и учествуваме во финансирањето на првиот приватен парк на ветерници во Република Северна Македонија. Верувам дека во иднина ќе има голем број проекти во сферата на зелена и чиста енергија што ќе ги поддржиме“, изјави г. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на Шпаркасе Банка Македонија.

Инаку, државата има поставена цел за 50% да го подигне својот национален капацитет за обновливи извори на енергија до 2024 година.

 

 

 

 

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе