Од ноќеска на полноќ

За половина денар поевтинуваат бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од вечерва на полноќ бензинот и дизел горивото да поевтинат за половина денар, додека нафтата за домаќинствата ќе се продава за еден денар пониска цена. И на мазутот се намалува цената.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денар/литар, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,818 ден/кг и сега ќе изнесува 35,393 ден/кг, соопшти Регулаторната комисија за енергетика наведувајќи дека станува збор за намалување во просек з 1,35 отсто.

Новите цени ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95    -  67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98     -  69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    -  56,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -  45,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС                                             - 35,393 (денари/килограм)

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе