За полесна дигитализација на компаниите Стопанската комора организира бесплатни вебинари

Пандемијата покажа дека малите компании ќе треба час поскоро да го дигитализираат работењето за да бидат попродуктивни и поконкурентни, велат од Стопанската комора на Северна Македонија. Според Комората, примената на напредните технологи и дигитализацијата веќе не е прашање на избор, туку на опстанок.

Како што беше речено денеска на прес-конференција, за полесна дигитализација на компаниите, Стопанската комора преку Советот на напредни технологии овој и наредниот месец ќе одржи четири бесплатни вебинари, а темите ќе бидат продажба, производство, градежништво и финансии.

Ова се и првите активности на новоформираниот Совет кои ќе почнат во четврток, на 24 февруари, со одржување на првиот вебинар. Вебинарите ќе бидат од отворен карактер, а целта е да се поттикне дигитализацијата на компаниите.

Интернационалните компании кои работат и во земјава, ја имаат дигиталната агенда многу високо на својата приоритетна листа, но помалите компании кои главно функционираат со локален, релативно ограничен капитал, треба да ги засилат своите активности во оваа насока, рече претседателот на Советот Никола Љушев.

Според Зоран Јовановски од Комората, постои потреба од добра координација на сите активности поврзани со дигитализацијата за ресурсите од економијата и помошта од државата за бизнис секторот да извлече максимален ефект.

За да биде тоа така, мора да има многу добра коориднација за дигитализација на македонската економија, истакна Јовановски.

Тој потсети дека Стопанската комора се трансформира, па покрај традиционалните активности, формираше и совети кои нудат обуки за вработените на компаниите по различни основи. Новите совети, потенцира Јовановски, не се дебатни клубови, туку механизми за конкретна помош на бизнис секторот и нивната работа не е органичена само на членките на Комората, туку се однесува на сите заинтересирани компании.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе