За подобро јавно здравје Европа треба да преземе акција за намалување на штетите од цигарите

Дали Европа треба да го следи примерот на Соединетите Американски Држави? Уште од времето на Хипократ, медицината се водела од еден принцип „пред сè, да не се нанесе штета“. Меѓутоа, денеска експертите се соочуваат со нова дилема - дали за навиките што предизвикуваат фатални последици, како што е пушењето, треба да понудат помалку штетни алтернативи кои не се целосно без ризик или да се инсистира на откажување од пушењето и да им се препушти таа одговорност на самите пушачи?

Д-р Димитрис Рихтер, директор на Одделението за кардиоваскуларни болести на Клиниката во Атина и член на Европското здружение за кардиологија истакнува дека мал број од пушачите престануваат со пушењето на цигари, иако се свесни дека оваа штетна навика потенцијално ќе им го скрати животот за околу 10 години и ќе им наштети на нивното здравје.

„73 проценти од пушачите сакаат да се откажат од пушењето, 22 проценти се обидуваат, додека пак помалку од пет проценти од пушачите успеваат да ги остават цигарите без помош“, посочи д-р Рихтер, додавајќи дека Европа и понатаму е меѓу неславните лидери по стапката на бројот на возрасни пушачи - околу 28 проценти. 

Според него, експертите во Европа се соочуваат со недостаток на информации за толку чувствителна тема како што е јавното здравје и анализирајќи ги примерите на светски реномираната агенција за храна и лекови на САД (ФДА), д-р Рихтер порачува дека може да се подобри сегашниот регулаторен став на оваа важна тема.

ФДА, како највисоко регулаторно тело за контрола и регулирање на трговијата со храна и лекови во САД, обезбедува дека алтернативите кои се присутни на пазарот треба да бидат авторизирани, проверени и засновани врз научни докази кои сведочат за тоа дека станува збор за производи кои ја намалуваат изложеноста на штетните материи или ризик по здравјето во однос на пушењето традиционални цигари. Таквите алтернативи, кои се класифицирани во категоријата на производи со модифициран ризик, мора да имаат бенефит не само врз индивидуалните пушачи, туку и врз целокупната популација. Само два тутунски производи поминаа строги прописи.

„ФДА досега авторизирала само два производа како производи со модифициран ризик. Минатата година за IQOS - системот за загревање на тутунот, ФДА заклучи дека постојат доволно научни докази дека изложеноста на штетните материи при користењето на овој уред е значително намалена во однос на цигарите. Очекувано е дека оваа одлука ќе донесе придобивки за јавното здравје, подеднакво како за корисниците на тутунски производи, така и за непушачите“, подвлекува д-р Рихтер.

Коментирајќи ја одлуката за класифицирањето на овој уред како производ со модифициран ризик, тој потсетува дека директорот на Центарот за тутунски производи при ФДА Мич Зелер образложил дека преку овој процес, Агенцијата треба да обезбеди корисниците да ги добијат вистинските информации за научните докази во поглед на намалениот ризик и намалувањето на изложеноста на штетни материи. Доказите доставени за IQOS покажуваат дека овластените информации можат да им помогнат на возрасните пушачи да преминат од цигари на уред што го загрева тутунот и значително да ја намалат изложеноста на штетни материи, но само доколку целосно се префрлат на овој уред.

„Тешко е да се каже дали начинот на кој функционира ФДА е идеалниот пример кој треба да се следи. Но, постоењето на строги и јасни регулативи во врска со помалку штетните алтернативи на тутунот е секако важен чекор напред. Колку побрзо Европа преземе акција, толку подобро за јавното здравје на стариот континент“, заклучува д-р Рихтер.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе