Центар за граѓански комуникации

За новогодишното украсување општините потрошиле 405 илјади евра, 40 отсто помалку отколку лани

За украсување на град Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405 илјади евра, што е за 40 проценти помалку од лани, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Според податоците од ЦГК, од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната година, вкупно 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а три општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година.

Според истражувањето на ЦГК, за разлика од дочекот на минатата 2020 година, кога тендери за украсување имале град Скопје и седум скопски општини, за дочекот на 2021 година тендери имале градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар. Украсувањето на Скопје и скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава.

Освен Градот Скопје чиј што договор за новогодишно украсување и годинава е најголем и изнесува 243.886 евра, според висината на вредноста на договорите следат скопски Аеродром, Радовиш, Охрид и Гази Баба. Но, конкуренцијата на тендерите за новогодишно украсување била исклучително ниска, па на овие тендери просечно имало по 1,8 понуда, а на половина од тендерите имало само по една понуда.

Од ЦГК соопштуваат дека и годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми – Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел.

Новогодишни пакетчиња за 2021 година, пак, според ЦГК, купиле 56 институции. Тендери за купување пакетчиња за новата 2021 година имале 14 институции, додека други 42 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавни набавки, бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – вредносен праг под кој што не важи Законот за јавни набавки. Сепак, и некои од институциите што спровеле тендер набавиле пакетчиња за помалку од илјада евра, но решиле тоа да го направат со примена на Законот за јавни набавки поради поголема транспарентност.

Вкупната сума пари потрошени за оваа намена изнесува 62.950 евра. Најмногу пакетчиња -3.120 купила Општина Прилеп, иако со ниска поединечна цена. Цените на едно новогодишно пакетче се движат од 150 до 1.249 денари. Најскапи пакетчиња од 1.249 денари купила Општина Новаци. Сепак, поединечните цени и количините на купените новогодишни пакетчиња се познати само за оние институции кои имале тендер за оваа намена, но не и за останатите 42 кои купиле пакетчиња за пониска вкупна вредност од законскиот лимит за спроведување на тендер. Некои институции купиле по неколку видови пакетчиња, поевтини и поскапи. Меѓу институциите кои купиле најскапи пакетчиња, покрај Општина Новаци спаѓаат и Град Скопје по цена од 954 денари, Општина Куманово со цена од 885 денари, Општина Аеродром каде се купени за 829 денари и Министерството за одбрана (МО) по цена од 809 денари. 

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе