За намалување на последиците од пандемијата во земјоделството, Влада усвои законски измени

Владата на денешната редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка врз производството и откупот на земјоделски производи.

Како што информираат од Владата, нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ова законско решение се уредуваат условите, корисниците, висината како и постапката за доделување на финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството, откупот на јаболко и ориз предизвикани од пандемијата.

„Финансиската поддршка за намалување на последиците врз производството и откупот на јаболко и ориз се состои од поддршка по килограм за произведено јаболко кое во периодот од 15 септември 2021 година до 15 декември 2021 година е предадено кај регистриран откупувач или преработувач на земјоделски производи за преработка или за извоз најмалку преку еден откупувач, во висина од 3 денари по килограм, како и поддршка по килограм за производство на оризова арпа од род 2020/2021 година која во периодот од 1 јануари до 15 декември е произведена и предадена на регистриран откупувач запишан во Регистарот на откупувачи или преработена во сопствениот преработувачки капацитет, во висина од три денари по килограм“, се вели во соопштението од Владата.

На оваа своја седница утврден е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од пандемијата врз производството, откупот на грозје и винската индустрија со дополнување со нови корисници на финансиската поддршка.

Со ова се овозможува Поддршка по килограм за произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 година до 31 октомври 2021 година е предадено кај регистриран откупувач на винско грозје за производство на вино или за извоз на винско грозје во висина од три денари по килограм, како и поддршка по килограм произведено винско грозје кое во периодот од 15 август 2021 година до 31 октомври 2021 година е преработено во сопствени капацитети за производство на вино во висина од три денари по килограм.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе