За еколошка такса и за намалување на ДДВ за струјата уште нема владина одлука, вели Бесими

Владата сè уште нема донесено одлука за воведување на еколошка такса и за намалување на ДДВ-то за струјата, но се прават сеопфатни анализи во однос на владината еколошка агенда за зелена транзиција, инвестирање во обновливи извори на енергија и создавање на еколошки фонд, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Не се работи за зголемување на акцизи, туку за еколошки такси, меѓу кои се опфатени и нафтените деривати. За оваа мерка Владата сè уште нема донесено одлука. Тоа е агенда усвоена во ЕУ, тоа е Париската агенда за зелен раст, а исто така и делот на зелената агенда на Западен Балкан што минатата година во октомври исто така беше усвоена и препорачана од страна на ЕУ. И ние сме ја прифатиле како Влада. Откако ќе се направат сеопфатни анализи, ќе следат консултации со стопанските комори, како и со другите чинители кои се засегнати со оваа мерка, а потоа ќе донесеме одлука. Исто ќе постапиме и во однос на намалувањето на ДДВ-то за струјата. Ние ги следиме трендовите и барањата на граѓаните, а по анализите и дискусиите со опфатените со мерката, ќе донесеме одлука“, рече Бесими, одговарајќи на новинарско прашање дали со ребалансот на Буџетот е предвидено воведување на еколошка такса од четири денари и намалување на ДДВ-то за струја од 18 на пет проценти и како тоа ќе се одрази на Буџетот.

Тој не потврди дали овие мерки ќе се најдат во ребалансот на Буџетот и ќе почнат да важат од 1 јули.

„Сѐ уште немаме донесено одлука на Влада“, потенцира Бесими.

Во однос на големината на јавниот долг и дали тој до крајот на годината ќе изнесува 64 отсто од БДП и ќе достигне осум милијарди евра, Бесими рече дека до крајот на годината се предвидува државниот долг да биде 52,3 отсто од БДП, а јавниот долг 62,4 отсто.

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе