За четири месеци извозот од ТИРЗ е 1,1 милијарда евра

1,1 милијарда евра е извозот од Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во  првите четири месеци од годинава и е највисок во споредба со истиот период во изминативе четири години, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата.

Само во однос на 2021 растот е за 4%, во однос на пандемиската 2020 за 74%, додека споредено со истиот период во 2019 и 2018 година извозот е зголемен за 19% односно за 51%. Инаку извозот само во април е приближно на исто ниво како во март, додека увозот е зголемен за 5% споредено со претходниот месец годинава. Вкупниот увоз во првите четири месеци од годинава достигна речиси 1 милијарда евра што е за 75% повеќе од 2020 година, односно за 13% повеќе од 2019 и 55% повеќе од 2018. Анализата во април покажува и зголемен увоз од речиси 2% наспроти извозот што се должи на складирање залихи кај компаниите. Вкупниот нето извоз заклучно со април е над 10%.

Како што соопштија од ТИРЗ, анализата покажува и дека околу 70% од компаниите имаат пораст во извозот во април годинава однос на април 2021.  

Раст од речиси 4% има и кај бројот на вработени во април годинава споредено со истиот период лани. Во зоните во моментов работат над 14.500 наши сограѓани.

Исто така, првичната годишна анализа за 2021 година покажа дека просечната плата во Технолошко индустриските развојни зони за првпат е над државниот просек и тоа за 3%, што се должи и на зголемениот број на вработени кој во 2021 година е за 5% повисок од 2020. Се очекува ваквиот тренд да продолжи и годинава со реализација на новите странски инвестиции во Зоните. 

 

 

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе