Државна лотарија на Македонија

За 70 денари Елена си вози Џип

Од први јануари минатата година Државна лотарија на Македонија го пласираше инстант лозот - Биди вип, вози џип во соработка со „Аутомобиле-СК“, а вчера додели уште еден автомобил „Џип компас“, кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.

Дел од овие автомобили веќе се возат низ улиците на Куманово, Кавадарци, Охрид и Скопје, а од денес ќе се вози и во Прилеп.

„Елена Видановска Илиеска од Прилеп, пред неколку дена од продажното место Тобако Плус во Прилеп купила 5 инстант лозови, два од нив имале добивка по 70 денари. Утредента, ги заменила за нови два лоза и докупила уште три нови. Едниот лоз, под заштитниот слој и донел три симболи на автомобил. Вчера во Скопје, Елена и нејзиниот сопруг ги добија клучевите од Марјана Станојковска, а од тука со својот нов автомобил заминаа за Прилеп“, соопштуваат од Лотарија на Македонија.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе