Инспекциски совет

За 5 дена извршени 1.319 контроли, затворени 5 угостителски објекти, забранети за употреба 60 кафемати

Во периодот од 9 до 13 април инспекторатите направиле вкупно 1.319 надзори, информираше претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Државниот пазарен инспекторат во овој период извршил 514 контроли од кои еден дел се однесуваат на работењето на угостителските објекти, а останатиот на контроли на замрзнатите цени на одредени производи. Притоа се затворени вкупно 5 угостителски објект сите во Скопје, а од визуелната обиколка низ повеќе градови констатирано е дека угостителите ги почитуваат забраните за работа.

Државниот пазарен инспекторат, според Филиповска-Грашкоска, изминатите пет дена интензивно ги контролирал и кафематите на бензинските пумпи и на други локации при што се забранети за употреба 60 кафемати во Скопје, Тетово, Битола и Куманово.
Инспекторите од пазарниот инспекторат пак, констатирале дека поголемиот дел од трговците ги почитуваат одлуките за смрзнатите цени, а на оние кадешто е забележано зголемување им се наложува да ги вратат цените како на 11 март.
Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот од 9 до 13 април спровела вкупно 162 надзори во повеќе градови низ државата во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти, зелени пазари и притоа се издадени 2 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна. Исто така издадени се и вкупно 19 решенија за констатирана лоша општа хигиенска состојба, а изречена е и една глоба за пуштање во промет на производ со поминат рок.
Филиповска-Грашкоска информираше и дека Државниот инспекторат за труд во периодот од 9-13 април реализирал вкупно 446 контроли при што се донесени 7 решенија и 9 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Поголемиот дел од овие надзор се поврзани со постапување по претставки за платено отсуство на родител на дете до 10 години, самохран родител, бремени жени и хронички болни.
Трудовиот инспекторат констатирал дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од ковид-19.
„Државниот инспекторат за транспорт во периодот од 9-13 април направи вкупно 85 надзори. Притоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 95% и продолжува да се редуцира. Од направените контроли на автобуските станици во неколку градови низ државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50% намален капацитет, односно за преполовен број на патници. Меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин и нема постојан престој на граничните премини“, рече Филиповска-Грашкоска.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат во истиот период спроведе вкупно 77 надзори. Исто така, во овој период издадени се 179 дозволи на транспортери професионални возачи. Овие дозволи се неопходни за непречено спроведување на транспортот во услови на епидемија од коронавирус.
МАЛМЕД во периодот од овие пет дена изврши вкупно 35 контроли при што било констатирано дека нема специфични отстапувања. Секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица во аптеките, а цените се согласно препораките и одлуките на Владата. Инспекторите на МАЛМЕД продолжуваат да ја следат состојбата секојдневно на терен.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе