Министерство за земјоделство

За 3,5 месеци се продолжува рокот за плаќање на закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019, најави Димковски

Владата донесе уредба за продолжување на рокот за плаќање за државна закупнина за државно земјоделско земјиште за 2019 до 12 ноември 2020 година, односно рокот е продолжен за 3,5 месеци. До истиот рок нема да се врши еднострано раскинување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост заради неплатената државна закупнина.

„Целта е да им се овозможи на земјоделците прво да обезбедат приходи од продажбата па потоа да платата закупнина за државното земјоделско земјиште“, рече министерот за земјоделство Трајан Димковски на денешната прес-конференција.

Тој појасни дека се ставаат во мирување и роковите за сите јавни повици, за поднесување на проекти и за реализација на инестициите на националните програми и од програмата ИПАРД 2, како дел од мерките кои ги презема Владата со цел да се ублажат последиците од пандемијата врз земјоделството и руралниот развој.

„Поради пандемијата годинава извозот на јагнињата се одвива со намален интензитет. За да се покријат загубите на одгледувачите на овци вкупната финансиска поддршка за женско јагне ја зголемуваме на 2.500 денари по грло“, рече Димковски.

Тој истакна дека поради намалената динамика на склучување на договори за производство и за откуп на тутун за реколтата 2020 во месец март, рокот за склучување на договори, кој го склучуваат производителите на тутун, со регистрираните откупувачи на тутун, го продолжиле до 30 април.

„Земјоделците кои се самостојни вршители на дејност, а се регистрирани според законот за трговски друштва ќе имаат можност да користат и дел од економскиот пакет мерки како финансиска поддршка од 14.500 денари за месеците април и мај“, рече Димковски.

Според него, во услови на ограничен пристап до пазарите и рестрикции во движењето се повеќе земјоделци почнуваат онлајн продажба на своите производи.

„Ги повикувам земјоделците да ја користат и платформата ‘понуда и побарувачка‘ што ја воведе Министерството за земјоделство, а преку кој што можат да ги понудат своите производи“, додаде Димковски и апелираше до граѓаните да купуваат домашни производи со цел да се заштити домашното производство.

Тој истакна дека по надминување на здравствената криза производството на храна треба и мора да и продолжи непречено, земјоделците мора да ги продолжат своите работни активности.

„Владата ќе ги овозоможи сите потребни услови за одржливо земјоделско производство, пласман и ќе одоговори на брањата на земјоделците. Изминатиот период како ресорно Министерство преземаме мерки кои ќе им помогнат на земјоделците и на стопанствениците во агросекторот. Во оваа вонредна состојба да имаат рентабилно земјоделско производствo и пласман на своите производи“, рече Димковски.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе