За 3 недели потрошени 10,7 милиони евра преку домашните платежни картички

Министерката за финансии Нина Ангеловска информираше дека преку 187.000 домашни платежни картички се веќе активни и граѓаните со нив направиле над 660.000 трансакции.

„За три недели 10,7 милиони евра се вбризгани во економијата преку зголемената потрошувачка од граѓаните со домашната платежна картичка и со тоа се поддржуваат македонските производи и услуги, се поддржуваат граѓаните и се поттикнува економската активност. Исто така, расте и безготовинското плаќање, а со тоа се влијае и на намалување на сивата економија“, напиша Ангеловска на Фејсбук.

Според неа, најмногу со картичките се пазари во супермакетите, односно околу 90 отсто од трансакциите, според податоците добиени од банките.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе