Министерство за земјоделство

За 2021 година исплатени 1,3 милијарди денари субвенции за тутун

Заврши целосната исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2021, а исплатени се вкупно 1,3 милијарди денари на сметките на 17 илјади тутунопроизводители, соопшти Министерството за земјоделство.

„Процедурата со која тутунарите ја добија оваа финансиската поддршка зпочна веднаш откако пратениците во Собранието ја одблокираа законската измена во Законот за земјоделство и рурален развој, преку одложувањето на обврската кон УЈП.
Министерството изразува жалење што овие средства не беа порано исплатени на сметките на тутунарите, бидејќи процесот на донесување на оваа законска измена во Собранието беше закочен речиси 6 месеци, односно од февруари 2022 година.
Со надминување на блокадата и донесувањето на измените во Законот за земјоделство и рурален развој овозможивме услови од оваа година да се почне и со авансна исплата на субвенциите, мерка која не се случила во изминатите 16 години. Токму преку оваа измена, земјоделците ќе можат 30% од субвенциите да ги добијат авансно, односно во рок од 90 дена по аплицирањето.
Се надеваме и повикуваме на разум и обединетост и во донесувањето на ребалансот на буџетот за 2022 година каде се предвидени 2,7 милијарди денари, дополнителни средства за комплетно исплаќање на субвенциите кон земјоделците“, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и додаде дека почнува реализацијата на исплатата за финансиската поддршка за набавено вештачко ѓубриво и поддршката за продадени или заклани гоеници.
Во тек е и реализација на поддршката преку програмата за директни плаќања за премијата за произведено и предадено млеко јануари-февруари 2021, како и субвенциите за заклани бројлери и несилки во регистрирани кланични капацитети, информираат од министерството.
 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе