Регулаторна комисија за енергетика

За 1,5 денари по литар поскапуваат бензинот и дизел горивото

Од полноќ поскапуваат нафтените деривати. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари по литар литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,850 денар по килограм и сега ќе изнесува 40,210 ден/кг. Во однос на последната промена на цените од 27 декември, станува збор за поскапување од 2,17 отсто.

Максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 65,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,210 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,218 %, кај дизелот за 3,934% , кај екстра лесното масло за 4,093 % и кај мазутот за 3,052 %, информира Регулаторната комисија.

 

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе