Време е да се запре нередот со отпадот

Илјадници тони комунален отпад се создаваат во земјата секоја година. Според Државниот завод за статистика, во 2018 година биле создадени скоро 1 милион тони комунален отпад, или 412 килограми по жител. Оваа количина се зголемува од година во година (+ 9% помеѓу 2017 и 2018 година).

Во моментов, Европа произведува 500 кг отпад по глава на жител годишно, од кои 25% се рециклираат, 15% се компостира, 23% се согорува, а 37% завршуваат на депонии. Но, има и земји како Австрија, каде што само 3% од отпадот завршува во депониите. Во Македонија, 99,5% од отпадот завршува во депонии.

Во Македонија, најголемиот дел од собраниот комунален отпад се фрла во депонии, што е сериозен проблем за нашата животна средина. Ова е далеку од европската практика и целта на ЕУ за континуирано намалување на количината отпад што завршува на депониите. Со оваа лоша состојба, земјата не ја губи можноста само да ја зачува животната средина, туку и да добие поевтини суровини (за индустријата, земјоделството, домаќинствата). Правилното управување со отпадот, исто така, ќе создаде нови работни места.

Во нашата земја, навистина постои соодветна правна регулатива (транспонирана од ЕУ) заснована врз концептот за хиерархија на отпад. По можност, треба да се спречи отпадот (најдобриот отпад е отпадот што не се произведува). Потоа, по ред на приоритети, отпадот треба повторно да се користи, рециклира, да се обновува во енергија и на крајот да се отстранува. Сепак, кај нас, легислативата за отпад премногу често слабо се спроведува.
Во земјава во моментов има 54 депонии со дозвола на локалните власти, од кои само еднa - Дрисла кај Скопје ги исполнува минималните пропишани стандарди. Исто така, се проценува дека има уште 1000 нелегални депонии низ земјата кои ги загадуваат почвата, водата и воздухот и влијаат на здравјето на населението.

Во Европа, управувањето со отпадот се смета за можност, а не како ризик. Различни докажани технологии за отпад се достапни. Овие технологии се движат од единици за целосно рециклирање, за стабилизирање и обновување на биогасот и исфрлање на финалниот остаток до поедноставната единица за сортирање пластиката и намалување на волуменот.

Една од овие технологии е балирање на отпадот. Балирањето го компресира отпадот, намалувајќи го неговиот волумен за 3 пати. Балите потоа се обвиткуваат со пластична фолија, што ги прави безбедни за околината и спречуваат исцедување, мирис, емисија на штетни гасови и заштита на здравјето на населението. Балирањето може да се направи директно на целиот комунален отпад, но исто така е можно да се одвои металниот и пластичниот отпад и потоа да се продолжи со балирање. На овој начин, ефектот е уште поголем бидејќи одвоениот метал и пластика можат да обезбедат дополнителен приход.

Балирањето е економична технологија, одржлива за заедницата. Може да биде можност земјата да ја заштити непосредно околината и здравјето на населението сè додека не се активни регионалните депонии.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе