Вработувањата во Царината се поради зголемен обем на работа, тврдат Танасосоки и Заев

Огласените нови вработувања во Царинската управа на Македонија се поради зголемен обем на работа. Тоа е нормален процес кој треба да ги зајакне капацитетите во работењето согласно со новите надлежности и претстојните преговори со Европската унија, оценија денеска директорот на Царинската управа Ѓоко Танасовски и премиерот Зоран Заев.

„Вработувањата призлегоа уште минатата година, кога исто така имавме оглас за вработување на неопределено време. Поради зголемен обем на работа и редица претстојни активности кои претстојат пред Царинската управа се покажа потреба за зголемување на капацитетите на управата. наназад од 2015 година  не е извршено никакво вработување во Царинската управа  што само по себе побарува таа да има соодветни капацитети за новите надлежности во работењето, а ни претстојат и преговори со Европската унија, изјави Танасосоки“, одговарајќи на новинарски прашања по доделувањето на одобрението на првиот овластен економски оператор во Македонија.

Во коментар на новите вработувања и Заев, укажува исто така дека станува збор за зголемен обем на работа  согласно активностите од Берлинскиот процес.

„Со тековниот оглас не се пополнуваат сите  слободни позиции, туку само неопходните за поради новиот обем на работа и технички аспекти на работењето на Царината. Така е и во останатите институции. Остануваме на трендот на неопходна јавна администрација“, рече Заев.

Царинската управа објави оглас за вработување на 78 извршители на определено време до крајот на тековната фискална година, а како главна причина за тоа е наведен привремено зголемен обем на работа до крајот на 2019 година.

Во огласот се бараат советници, цариници, виши цариници, кандидати за началник на Одделение кабинет на директор во Царинска управа, инспектор со мобилен скенер, шеф на служба за проекти во Одделение за меѓународна соработка и за други работни места.

Основната нето плата за работно место началник на одделение е 39.899 денари, за шеф на служба е 34.067 денари, за водител на смена е 33.432 денари, за самостоен советник е 32.401 денари, за советник е 30.724 денари, за виш цариник е 31.053 денари, за работно место цариник е 22.887 денари, за администартивен оператор е 24.060 денари и за наплатувач е 16.571 денари.

 

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе