Вработените во Комерцијална банка донираа храна во соработка со НО „Љубезност“

Вработените и менаџментот на Комерцијална банка АД Скопје, по четврти пат го одбележаа Светскиот ден против сиромаштијата и се вклучија со донирање на повеќе од 20 пакети храна, неопходни за преживување на студените зимски денови кои следат.

Оваа акција банката ја реализираше во соработка со невладината организација „Љубезност“, која работи исклучиво за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци. Организацијата функционира на доброволна основа, а се носители и на активност под името „Ретвитни оброк“ каде со групно готвење обезбедуваат оброци за бездомни и социјално загрозени лица.

„Со вакви акции не ги спасуваме граѓаните од сиромаштија, не го намалуваме бројот на бездомни лица, но се потсетуваме дека треба да споделуваме, да бидеме солидарни, да преземеме дел од одговорноста за животите на нашите соседи, сограѓани“, велат од банката.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе