ГОЛЕМА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА НОВОМАТИК

Вработените во казино Фламинго Гевгелија даруваа крв

Повеќе од 50 вработени лица во казино Фламинго хотел – Гевгелија, кои се во добра здравствена состојба и ги исполнуваат неопходните медицински услови, денес донираа крвни единици.

На хуманитарната акција присуствуваше и градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, кој даде поддршка на нашата иницијатива.

Денеска и вработените во автомат клубовите Адмирал, како дел од истата голема крводарителска акција дарува крвни единици во Домот на хуманитарни акции, Даре Џамбаз во Скопје. Акцијата продолжува и во наредните денови на која ќе се приклучат сите вработени во автомат клубовите, членки на групацијата Новоматик (Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел Гевгелија и ХТЛ Македонија).

„Ние сме  општествено одговорни компании, целосно сме свесни дека врвен приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните и одржување на капацитетите на јавното здравство, затоа и се решивме на ваков чекор. Веруваме дека во услови на ваква сериозна криза ќе дадеме скромен придонес во обезбедување на крвни единици за оние пациенти на кои им се неопходни“, изјавија одговорните лица на Фламинго.

Актуелната крводарителска акција е продолжување на серијата хуманитарно-донаторски активности кои Новоматик ги реализираше од почетокот на светската пандемија со ковид-19.

„Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. На 22-ри ноември, без разлика што законски определеното работно време во индустријата за организирање игри на среќа е 24/7, како наш придонес во борбата за справување со пандемијата, самоиницијативно донесовме одлука, веднаш да ги стопираме сите угостителски услуги во автомат клубовите и казината со кои ние стопанисуваме, во периодот од 23 до 07 часот, како соодветна поддршка на рестриктивните мерки предложени од Кризниот штаб, а усвоени од македонската Влада“, велат од „Фламинго“.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе