Возилата „Грин машинс“ на „Брако“ од утре на престижниот ИФАТ саем во Минхен

Возилата „Грин машинс“ од утре ќе бидат претставени на престижниот саем за еколошки напредни технологии ИФАТ во Минхен, Германија, а на најиновативниот штанд, подготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата, ќе бидат претставени најновите револуционерни решенија имплементирани во единствените „Грин машинс“ возила и машини за чистење надворешни површини со специфични и различни намени.

Посетителите на минхенскиот саем ќе може одблиску да се запознаат со карактеристиките на возила од брендот „Грин Машинс“ од линијата на електрични и возила на хидрогенски погон.

Посебно место ќе заземе GM955, кој што е највпечатлив поради неговиот капацитет од 6 кубни метри. GM955 го обединува најдоброто, затоа што механичкиот дел од системот овозможува собирање на отпад од секаков вид и најразлични димензии и при тоа механичкиот принцип за собирање отпад е комбиниран со вакуум. Ќе се презентираат и возилото GM400ze, возило кое важи за најдобриот свипер во својата категорија. Ќе биде претставена и новата верзија на GM500ze со поголем кабински простор, како и првото возило за одржување на хигиена на хидрогенски погон во светот, GM500H2. ИФАТ ќе биде можност и за претставување на прототипот на новото возило, целосно дизајнирано и произведено во фабриката во Велес, GM720.

Покрај ова, штандот на „Брако“ и „Грин Машинс“  го имаат со најиновативниот еко-штанд во Минхен, подготвен и дизајниран во согласност со мисијата и визијата на компанијата за заштита на животната средина преку имплементација на револуционерни технологии кои допринесуваат кон намалување на штетните емисии во воздухот и користење на обновливи извори на енергија.

На простор од 260 илјади метри квадратни со 18 хали и дополнителен надворешен простор за изложување, со демонстрација во живо, саемот ИФАТ е вистинското место на меѓународно вмрежување на професионалци од речиси 3.000 компании.


Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе