Возете паметно и заштедете повеќе

Прво правило - возете смирено, бидејќи агресивното возење не само што е опасно, значи и поголема потрошувачка на гориво. Нагло забрзување, често менување ленти и остро запирање, па повторно забрзување, според пресметките на американското Министерство за енергија може да ја зголеми потрошувачката на гориво и за 33 проценти. Со мирно возење помалку ги трошите гумите, моторот и сопирачките и можете да поминете повеќе километри со еден резервоар.

Не заборавајте да го одржувате возилото. Игнорирањето на малите работи и сигнали, може да доведе до поголеми и поскапи проблеми на долг рок. Редовно сервисирање ќе ви заштеди и пари и нервози, во случај на несакан дефект на отворен пат.

Секако дека не може сами да го поправате автомобилот, но можете многу да заштедите со навремено реагирање, ако ги следите првичните сигнали – како некои звуци од моторот или чкрипење при кочење. Слушајте ги сигналите од возилото и истражете на интернет, што може да е причина за тоа, можеби ќе успеете нешто и сами да решите.

Работи што можете лесно сами да ги направите се проверка и замена на прегорени светилки, проверка на притисокот и истрошеноста на пневматиците, проверка на течностите во моторот или некое истекување под него, како и замена на истрошени бришачи, акумулатор или филтри.

Макпетрол инфо поинт

 

 

 Со почит,

                                                                                    

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе