Вонреден лов на диви свињи

Почнува вонреден отсрел на дива свиња. Државата побара од ловечките друштва да ја намалат популацијата на овие животни, кои лесно можат да ја пренесат опасната африканска свинска чума и да ги заразат свињите по македонските фарми.

Посебни дозволи за влез во шумите ќе добијат ловците за да можат да ги ловат дивите свињи. Дозвола можат да извададат од подрачните единици на Македонски шуми.

Ловците велат дека концесионерите на ловиштата се во лоша финансиска состојба и не можат да се справат со месото од животните, па ќе бараат помош од државата.

Агенцијата за храна и ветеринарство воведе посебни правила за ловот на дивите свињи во следниот период. Секое мртво животно ќе мора да се однесе на испитување. Додека не се добијат резултатите, месото не смее да се пушти во промет. Секоја мрша која ќе биде пронајдена ќе мора да се пријави, но ловците не смеат да ја допираат.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе