Во земјава влегуваат три нови странски инвестиции, најави Анѓушев

„Локотранс”, „Дура” и компанија од ИТ секторот од Бугарија се новите три странски инвестиции кои што ќе почнат да се релизираат во земјава, најави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. 

„Една од новите инвестиции што ќе се реализира е Локотранс, а договорот помина вчера на Влада и ќе биде надвор од ТИРЗ, ќе прави фабрика за шински возила. Втората компанија е од ИТ секторот од Бугарија и третата е ‘Дура’, која дефинитивно реши да инвестира со две нови фабрики. Овие производствени капацитети ‘Дура’ планираше да ги направи во Чешка, а се за екструзија за алуминимумски профили за автомобилска индустрија и за шасии за автомобили каде што ќе бидат имплементирани батерии за електрични возила. Тоа се инвестиции над 100 милиони евра”, изјави Анѓушев во интервју на МРТВ.

Тој, како што соопштија од неговиот кабинетот, кажал дека изминативе две и пол години во државава имало тешки политички теми за решавање, па бројките во економијата не биле доминантни, иако се одлични.

„За странските директни инвестиции во периодот од 2017 до 2019 година има 741 милион евра, во периодот од 2015 до 2017 има 550 милиони, а во периодот од 2013 до 2015 има 450 милиони евра. Или во последниве две години има 33,5 отсто повеќе од претходните две и 62,1 посто од првите две години. Во периодот од 2013 до 2015 има седум потпишани договори и шест пуштени фабрики, од 2015 до 2017 има седум потпишани договори. Во периодот од 2017 до 2019 година има 22 потпишани договори и 12 пуштени фабрики”, изјави Анѓушев.

Говорејќи за образованието како предизвик кон кој треба да се работи во следниот период, тој рече дека образованието не е само прашање на едукација, туку е основа за идниот економски раст и развој.

„Не можете да правите индустрија и економија без добро образование. Не можете да правите ни земјоделие без добро образование. Затоа што слабите проекти и неквалитетните проекти произлегуваат од лошите инженери. Мора да го подигнете капацитетот”, рече Анѓушев. 

 

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе