Во Виница се градат 36 социјални станови

Изградбата на социјалната зграда во Виница за згрижување на 36 социјално ранливи категории на граѓани е пред крај, останува да се доработи партерното уредување, а потоа да се распише повик за распределба. Овие станови се дел од 660 станови кои во моментов се градат во 9 општини во државата.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета во општина Виница рече дека зградата е со инвестиција од 70 милиони денари, средства обезбедени од Владата.

„Наскоро овде ќе бидат сместени 36 социјално ранливи категории на граѓани кои ќе добијат можност на подобри услови за живот. Задоволен сум што се работи интензивно, нашите очекување се дека оваа пролет ќе биде завршена за да можеме потоа да извршиме технички прием и да распишеме оглас за распределба. Се работи за инвестиција од 70 милиони денари што како договорен орган се јавува АД за стопанисување со станбен и деловен простор”, изјави Бочварски.

Во општина Виница, како што кажа, се работи на уште еден значаен проект, доградба на филтер станицата во општина Виница со кој ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во населеното место Лески. Инвестицијата е 24 милиони денари, средства преку Министерството за транспорт и врски и треба да биде завршена во текот на летото.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе