За 4 дена 2.200 инспекциски надзори

Во Тетово и Гостивар затворени 9 угостителски објекти, во Охрид не се носеле маски во 8 објекти

Во периодот од 22 до 26 април шесте инспекторати извршиле над 2.200 инспекциски надзори, а најмногу постапувале пазарните инспектори кои проверувале дали има ред и дисциплина при влез и во внатрешноста на маркетите, банките, поштите, угостителските објекти.

За овие четири дена, како што информираше претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска,  инспекторите запечатиле 18 кафемати, затвориле девет угостителски објекти и забележале непочитување на уредбата за носење маски во осум објекти.

„Државниот пазарен инспекторат постапуваше по утврдени неправилности и притоа затвори девет угостителски објекти во Тетово и Гостивар. Во Скопје и Тетово запечати 18 кафемати. При контролите во Охрид забележано е непочитување на уредбата за носење маски во осум објекти и по тоа веднаш е постапено. Издадена е и наредба за повлекување дезинфекциски средства во еден објект и постапено е по пријави за променети цени во четири трговски објекти во малопродажба“, изјави Филиповска Грашкоска на денешната прес-конференција.

Исто така, изречена била една глоба за немање услови за одржување хигиена при манипулација со храна, а изречени се мерки и за лоша хигиенска состојба.

Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 201 инспекциски надзор во месарници, угостителски објекти, маркети, производствени објекти и зелени пазари во повеќе градови, при што бил издаден е еден прекршочен платен налог поради немање услови за одржување хигиена при манипулација со храна, пет казнени мерки за неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и осум решенија за констатирана општа хигиенска состојба или неводење записи за добра хигиенска пракса.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе