Во тек е првата распределба кон доверителите на Еуростандард банка, велат од Оштетени штедачи

По речиси две години, стечајната постапка на Еуростандард банка дојде до првата авансна распределба кон доверителите физички и правни лица. Во стечајната маса се собраа вкупно 50 милиони евра, кои се во постапка на исплата, информира здружението Здружението „Правда за штедачи".

Судскиот процес, почнувајќи од одлуката на Уставниот суд за укинување на приоритетното место за наплата на Фондот за осигурување на депозити, преку постапките што се водеа во Основниот и Апелациониот суд Скопје, резултатираа со крајна одлука поголем дел од физичките лица доверители, оние чии депозити биле осигурани согласно закон, да бидат обештетени во целост преку сегашната прва аванска распеделба од стечајната маса, велат од здружението.

„Еден дел од физичките лица и сите правни лица доверители во банката се обештетија делумно, околу една третина од нивните депозити. Или, преку бројки, нешто повеќе од 500 физички лица ги добиjа назад своите заробени депозити во целост, додека останатите, повеќе од 100 физички лица и околу 2.000 правни лица, заедно со Фондот за осигурување на депозити како најголем доверител, останаа и понатаму да ги побаруваат своите депозити во стечајната постапка на Еуростандард банка“, се информира преку соопштението.

Според здрижението, овој прв успех не би бил возможен без поддршката на медиуми кои несебично го помагаа Здружението „Правда за штедачи" преку објавите кои ги споделувале во изминатите неполни две години од затворањето на банката.

„Бевте со нас секогаш кога требаше, да ги пренесете во целост нашите заложби за правично и праведно решавање на стечајот на Еуростандард банка. Таа мисија, која е од јавен интерес, несебично ја извршувате, за што сме ви многу благодарни. Со други зборови, без вашата поддршка овој првичен успех немаше да биде возможен“, нагласуваат од здружението, .

Но здружението сепак оценува дека состојбата во стечајната постапка на Еуростандард банка е далеку од розова.

„Официјалниот извештај за банката на денот на нејзиното затворање во август 2020 година вели дека во банката имало кредити во износ од 99 милиони евра, од кои околу 58 милиони евра ненаплатливи и тешко наплатливи кредити додека останатите 41 милиони евра биле редовни кредити. Во банката имало и околу 25 милиони евра во парични средства за резервации за лоши пласмани, кои заедно со наплатените дополнителни 25 милиони евра, најмногу од кредити кои можеле да се наплатат во текот на минатите две години, ја сочинуваат првата авансна распределба од 50 милиони евра. Реалната состојба е таква што понатамошните приливи во стечајната маса се многу мали, а тоа ја прави понатамошната наплата многу неизвесна и крајно дискутабилна за сите оние кои останаа доверители во стечајната постапка на банката. Со други зборови, тие правни и физички лица должници кои можеле и сакале да ги вратат кредитите го направиле тоа до сега, додека недостатокот од оние 58 милиони евра нефункционални кредити, дадени и поделени на вересија и врз основа на измислени критериуми од страна на менаџментот на Еуростандард банка, и понатаму не можат да се вратат во банката. За тоа сведочат и многуте затворени или во стечај однесени фирми должници, каде остануваат ненаплатени речиси 60 отсто од кредитното портфолио на Еуростандард банка“, информира во детали здружението и порачува дека од медиумите очекува натамошна поддршка бидејќи смета дека случајот со оваа банка е далеку од завршен.

Здружението очекува, како што вели, вистината за банката и правдата за оштетените депоненти да биде наскоро обзнанена и во постапката која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе