Во Стопанска комора почнаа обуките за бизнис лидери

Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, кој функционира во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија, почна со реализација на зацртаната агенда, односно со првите шестмесечни обуки за бизнис лидери и за развој на мали и средни бизниси.

Како што информираат од Комората, првиот Модул од овие две програми се одржува на 9 и 10 декември 2021 година а останатите модули продолжуваат од следната година и ќе се одржуваат два пати во месецот/секој месец/ се до јуни 2022 година. Со Програмата за поддршка на старт-ап-ите, активностите ќе започнат од крајот на јануари 2022 година. Сите овие активности на Советот за високо образование во следниот период треба да се заокружат со подготовка на студија за извоз, платформа за извоз и на крај, со формирање на Институт за извоз.

„На Првата шестмесечна обука за Бизнис лидери учесници се 33 претставници од среден менаџмент на големи и средно големи компании од сите сектори. На нив ќе им предаваат 50 реномирани предавачи од бизнисот, науката и академијата распределени во 7 модули со над 60 теми. За Школата за развој на мали и средни бизниси на 18 слушатели од виш менаџмент од мали и средни компании ќе им предаваат 30 предавачи во 8 модули со над 50 теми. Сите предавања имаат менторски пристап со цел учење преку пракса, зголемување на вештините и многу интерактивност“, посочуваат од Стопанската комора.

Присутните учесници на двете програми ги поздрави и заменик претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој ја повторил поддршката која Владата ја дава во насока на развој на клучните фактори за поголема конкурентност на компаниите, во конкретниот случај на развој на човечкиот фактор. Тој и честиташе на Стопанската комора на Северна Македонија за овој нов пристап за развој на компаниите посебно и поради фактот што во програмите за обука се вклучени и малите компании, а од следниот месец ќе бидат поддржани и старт ап-ите. Со тоа, истакна тој, „Комората на иднината” е пример како да се биде чекор со сите најнови случувања и на полето на едукацијата и на полето на дигитализацијата. Битиќи ја искористи приликата уште еднаш да и ја честита наградата на Стопанската комора која неодамна ја доби од WTO, ICC и ITC за дигитален шампион за 2021 година.

На отворањето на обуките на кое присутни беа сите 50 слушатели од двете програми и предавачите од модул 1 од двете програми, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески подвлече дека сите новоформирани совети нудат дополнителни услуги кои вон оние традиционалните што Комората ги нуди ќе направат нова додадена вредност на полето на образованието, извозот, новите технологии и инвестициите. Тој истакна дека овој пристап Комората го оствари не само со нашиот коморски кадар туку и со поддршка на нашите компании. Претседателот Азески беше и прв говорник во Модулот за Бизнис лидери и со учесниците ја сподели својата професионална и лична приказна на патот кон успехот.

 

Претседателот на Советот за високо образование и стратешки истражувања, д-р Глигор Бишев, истакна дека оваа активност на Комората претставува еден нов пристап кон создавање на додадена вредност во образованието. Тој подвлече дека со ваквиот начин на учење и збогатување на знаењата и вештините, претставниците од бизнисот не само што си помагаат на себе туку помагаат и на компанијата од каде доаѓаат но и на државата и економијата во целост. Клучен за развој и придвижување на сите процеси е човечкиот фактор, кој треба постојано да се надградува.

д-р Ристо Јаневски, претседавач на Собранието на Комората и директор за стратешки развој на Окта кој воедно е ментор на Програмата за развој на мали и средни бизниси истакна дека сите програми нудат учење кое има многу интерактивност, вежби и пренесување на искуствата од пракса. Тој потенцираше и дека најважно од сите овие обуки е врежувањето кое сите учесници ќе го имаат и кое подоцна ќе им претставува една од најважните алатки за функционирање во работата.

Креаторите на овие програми и модули се 100-тина бизнисмени и претставници од научната и академската фела. Сите напорно работеа последните 2 месеци и направија резултат под палката на претседателот на Советот, д-р Глигор Бишев, потпретседателката на Комората и проектен менаџер за развој на советите д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, кои се и ментори на Школата за бизнис лидери, како и д-р Ристо Јаневски, претседавач на Собранието на Комората и директор за стратешки развој на Окта и м-р Антонета Манова Ставреска, експерт во Комората, кои се ментори на Школата за развој на мали и средни бизниси.

Потпретседателот на Комората д-р Јелисавета Георгиева Јовевска се заблагодари на сите чинители кои придонесоа овој процес успешно да започне, да се формира и да се креира според потребите на компаниите. Таа потенцира дека овој концепт на обуки и овој Совет не е замена за високото образование туку претставува практичен начин и нов пристап во збогатување и зголемување на вештините на сите компании. Обуките се наменети за големите, за средните, за малите компании, но и за прв пат во коморското портфолио на активности Комората нуди програма за развој на старт-ап-и со кои се започнува веќе следниот месец. Во соработка со домашните институции и фондови Комората ќе помогне во развој на креирање на нова идеја која ќе прерасне во фирма. Беше истакнато дека само преку постојаната надградба на знаењето ќе бидеме во чекор со европските и светските трендови, ќе можеме на тој начин да реагираме спремни на сите промени и ќе бидеме конкурентни на домашниот и странските пазари. За да имаме извоз ни треба образование, за да имаме инвестиции ни треба образование, за да имаме развој ни треба образование… Георгиева Јовевска, за следниот период исполнет со предизвици предизвикани од здравствено економската криза, посака главна преокупација на сите да ни биде образованието односно вложувањето во развојот на човечкиот фактор. 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе