Во Шангај Хуавеј ја отвори најголемата продавница во светот за флегшипи (ФОТО)

Хуавеј беше домаќин на големото отворање на најголемата продавница за флегшипи во Шангај. Продавницата се наоѓа во зградата Нанџинг во просперитетниот трговски центар на градот со деловна површина од речиси 5.000 квадратни метри.

 

Зградата е изградена во 1945 година во арт деко стил од страна на британски магнат за недвижнини - Силас Аарон Хардун. По прецизно реновирање со модерен дизајн и материјали, историската зграда доби нов живот, каде луѓето се забавуваат, учат, споделуваат и иновараат.

„Хуавеј отсекогаш негувал силна врска со своите клиенти што не е само помеѓу купувачот и продавачот. Нашата компанија има многу подлабока врска со клиентите. Нашата продавница за флегшипи е место каде што ќе се соберат потрошувачите, нашите деловни партнери и развивачите“, вели Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group. „Хуавеј гради зона на беспрекорна поврзаност - Seamless AI life, што им овозможува на потрошувачите да ги истражуваат можностите на AI животот, каде што се испреплетени бескрајното поврзување и IOT“.

Хуавеј ја задржа оригиналната форма и функција на зградата преку иновативен дизајн, така што зградата плени со својот шарм. Овој културно-историски објект е реновиран за да поздрави нова генерација на потрошувачи.

Оригиналната внатрешна архитектура е зачувана, а материјалите како што е декоративниот мозаик terrazzo ја зајакнуваат историската визија на новата зграда.

Целата површина на првиот кат е дизајнирана со големи и транспарентни стаклени прозорци за да овозможи што е можно повеќе природна светлина, што не само што ја намалува потрошувачката на енергија, туку и ги отстранува бариерите помеѓу внатрешниот и надворешниот простор.

„Благодарение на 5G и AI технологиите, можно е интелигентно и интегрирано корисничко искуство преку Seamless AI life. Зборовите навистина не можат да опишат каква трансформација на нашите животи ќе овозможат. Затоа сакаме потрошувачите да дојдат во нашата продавница за флегшипи и лично да ги доживеат сите удобности што ги нуди претстојниот AI живот што доаѓа наскоро “, рече Херман Жу, извршниот директор на Хуавеј.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе