Откуп или...

Во Росоман се сечат праските, во Преспа и реките се полни со јаболка (ФОТО)

По завчерашните снимки од револтираниот овоштар од Росоман кој пресметал дека ќе му биде полесно ако ги исече праските, денеска се објавија фотографии од нови огромни депонии со неоткупено јаболко во близина на Дупени, Преспа. И во Росоман и во Преспа главниот проблем е откупната цена и деценискиот проблем со владеењето и контролата на цената од прекупците, а со тоа и контролата над судбината на земјоделците.

 

Овие фотографии ја покажуваат трагичната судбина на некогаш славното преспанско јаболко. Приказната е секогаш иста. Како која нова влада доаѓа, така и нивните ветувања се секогаш поубави, некако пореални и изводливи. И толку. По бербите, сите забораваат на ветените откупни цени, на редот и поредокот при откупот, на загарантираниот пласман, на новите пазари, на праведната распределба на субвенциите...

Власта секогаш се фали со неверојатните промени што ги донесе во земјоделството, но сцените со фрлени лубеници, кромид, јаболка, праски... остануваат да бидат наше секојдневие.

Познатата „Дупени бич“ на Преспанското Езеро деновиве беше преполна со јаболки од преполнетите реки со фрлено овошје.

Деновиве проблематичен е и стартот на откупот на праски во Росоман, најголемиот центар за производството на ова овошје. Пласманот за Русија се проблематизира со дополнителните анализи кои се бараат и сега многу малку трговци откупуваат и извезуваат.

Откако Русија ја укина забраната за увоз на коскесто овошје од Македонија, сега услов за извоз во Русија е да е направена анализа на државната фитосанитарна лабораторија. Сето ова го забавува откупот и пласманот, а праската брзо скапува.

На пазарот сега имаме вишоци на праски, ниски цени и слаб интерес за откуп. На пазарите, пак, во Србија и Босна, сѐ потешко доаѓа праската од Македонија, заради праските од Албанија и Грција кои се поевтини и побрзо стасуваат до овие држави.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе