Во Росоман продолжуваат проблемите со откупот на праските, 10 килограми се продаваат за 40 денари

Вчера на кванташкиот пазар во Росоман цената на една гајба праски од 10 килограми беше од 40 до 80 денари. Производителите се револтирани. Тие велат дека минималната цена на една гајба квалитетна праска треба да биде до 50 денари за килограм. Цените што се нудат не можат да ги покријат ни основните трошоци вложени во производството.

Земјоделците се жалат дека земјоделието е катастрофа и дека немаат помош од страна на државата, односно дека не се носат закони со кои ќе им се решат проблемите.

„Винариите нè уценуваат, државата нè уценува зошто не сака да донесе правилник за откуп на сите земјоделски производи, почнувајќи од пченицата па да завршиме на грозјето. Во секој сектор од земјоделието е катастрофа, а државата најмногу на некој начин нè манипулира, кажува мерки, дава субвенции, повраток на персонален данок, а од тоа нема ништо“, вели производител на праска од Росоман.

Пред 10 дена Министерството за земјоделство соопшти дека откупот на праските оди без проблеми и дека првите шлепери веќе стигнале во Русија. „Откупот на праските во Росоманско, како регион кој е најголем производител на ова овошје, се одвива непречено. Повеќе камиони чекаа на откупните места да се откупи праска и да се замине на пазарите во Русија, Косово и Црна Гора. Цената е од 15 до 20 денари, во зависност од квалитетот. Претставници од МЗШВ, кои беа на лице место, соопштија дека првите камиони со праска без проблеми веќе стигнале на рускиот пазар“, соопшти тогаш министерството.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе