Во РЕК Битола исклучен Блок 2

Во РЕК Битола ноќеска на полноќ од производствен процес е исклучен Блок 2 заради зголемување на оперативноста на постројката. Блокот ќе биде во мирување до 30 март. Во меѓувреме, производството на електрична енергија ќе продолжи од останатите два блока – Блок 1 и Блок 3, соопшти денеска РЕК Битола.

По вклучување на Блок 2 во електроенергетската мрежа, планирано е исклучување на Блок 3 на РЕК Битола заради планирано надградување на софтверскиот систем за управување на блокот.

Во тек на сервисните активности, потребите за електрична енергија АД ЕЛЕМ ќе ги задоволи од сопствените производствени капацитети.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе