Во регионот строги се правилата за возење под дејство на алкохол

Ако возите под дејство на алкохол во соседна Србија ќе бидете казнети и за помало количество во однос на правилата кај нас, но, од друга страна, алкохолот може да се продава 24 часа без ограничувања.

Законите во многу држави прават јасна дистинкција меѓу купување и користење алкохол. Додека слободната трговија значи дека купувањето е дозволено во секое време во сите продавници, консумирањето се регулира, па има забрани за пиење на јавни површини или учество во сообраќај – без разлика дали со возило, мотор или велосипед.

Под правилата на слободниот пазар во Србија секој со над 18 години возраст може да купи алкохол во кое било време и во секоја продавница, киоск или бензинска станица. Но, доколку возите пијан полицијата ќе ве казни и за над 0,03 промили алкохол во крвта.

Со сегашната законска регулатива кај нас потешко е да купите алкохол – забранета е продажбата после 22 часот, во киосци и продавници во склоп на бензински станици кои работат 24 часа, но затоа дозволеното ниво на алкохол во крвта за управување со возило е 0,05 промили.

Според податоците од Светската здравствена организација од септември 2018 година, продажбата на алкохол е дозволена за лица над 18 години во сите продавници, трафики и маркети во склоп на бензински станици во Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија. 

Истото важи и за Австрија и Германија, каде продажбата на алкохол е дозволена на лица постари од 16 години.

Освен кај нас, забрана за продажба на алкохол на бензински станици има и во Албанија и Италија.

 

  Макпетрол инфо поинт

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе