Статистика

Во последните три месеци од лани повеќе родени и умрени, а помалку бракови и разводи

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4.935 и во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4,8 отсто.

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани, пак, бележи зголемување од 89,1 % во споредба со 2019 година и изнесува 9.465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња, но ваквиот раст, според Државниот завод за статистика е поради доцнењето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали како последица на пандемијатa со ковид-19.

Природниот прираст изнесува минус 4.530, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 19,7 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 2.689 бракови.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 540, што претставува намалување од 193 % во споредба со истиот период од 2019 година.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе