Во Пошта може да се плаќаат сметки за режиски трошоци

Вкупно 324 активни поштенски единици на Пошта на РСМ со 470 шалтерски места им стојат на располагање на граѓаните за реализирање на сите безготовински и плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги. Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје.

„Отсега на шалтерите на Пошта можат да се плаќаат сметки за електрична енергија од ЕВН Македонија, сметките од БЕГ за испорачана топлинска енергија, за потрошена вода преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, како и сметки од речиси сите јавни комунални претпријатија во земјава. Дополнително, овоможено е плаќањето на сметките кон телекомуникациските оператори, како Македонски Телеком, А1, Неотел, Телекабел и сите останати регионални оператори. Услугата ‘Плаќање сметки‘ во готово на Пошта ја има една од најконкурентните цени на пазарот во однос на цените на домашните банки и изнесува 35 денари по сметка“, се вели во соопштението од поштенското претпријатие и банката.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе