Статистика

Во октомври пад на индустриското производство

Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври лани е намалено за 6,5 отсто. Во периодот јануари – октомври, пак, во споредба со минатата година е поголемо за 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи пораст од 0,2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 10,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 18,6 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи опаѓање кај Капитални производи за 33,1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 10,8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 31,9 %.

 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе