Според експертите на Светска Банка

Во Македонија невработеноста наскоро вртоглаво ќе почне да опаѓа

Невработеноста во Македонија ќе почне забрзано да се намалува, а посериозни резултати на ова поле ќе се видат за многу брзо време.

Ова се оценките од последниот извештај на Светска Банка која смета дека Македонија е една од државите во регионот кои многу вложиле на полето на економските реформи.

„И покрај тоа што Македонија е во групата средно модернизирани држави, најновите напори за зајакнување на пазарните институции го намалија јазот со понапредните држави. Македонија е една од државите во регионот кои вложија најмногу напори за модернизација и реформи, во подобрување на капациетот на институциите. Тоа му овозможува и на приватниот сектор да се развива и да креира нови работни места“, оценува Омар Ариас, експерт на Светска Банка.

И покрај пофалните зборови за состојбите во земјава, експертите од Светска Банка се на мислење дека не само на земјава туку и на другите држави од регионов им претстоел долг период за надминување на економските проблеми.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе