Во Крива Паланка и околината се инвестираат 87 милиони евра за патната мрежа, се пофали Бочварски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска заедно со вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, изврши увид во повеќе инфраструктурни проекти во општина Крива Паланка информираше дека се инвестираат над 87 милиони евра во изградба на нови и реконструкција на постојните патишта во регион, со што Крива Паланка станува центар на Коридор 8.

Бочварски, Николовски и Бабовски извршија увид во градежните работи за рехабилитација на повеќе регионални патни правци кон граничните премини кон Бугарија и Србија.

„Овој регион е од особено значење за целокупниот економски развој, па поради тоа инвестициите во патната инфраструктура што ги реализираме тука се од огромна важност не само за подобар живот на локалното население, туку и за целата држава. Градежните работи за изградба и рехабилитација на 110 километри патна мрежа во околината на Крива Паланка, за што инвестираме преку 87 милиони евра, се одвиваат непречено и со добро темпо. Регионалното поврзување на земјата е приоритет на Владата и во таа насока посветено работиме на модернизација на патните правци кон граничните премини со соседните земји. Покрај изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, го реконструираме и градиме трета лента на патниот правец од Крива Паланка до Деве Баир, а во меѓувреме работиме на рехабилитација на регионалниот пат Куманово-Страцин. Нашата работа е целосно насочена кон интересот и потребите на граѓаните и продолжуваме посветено да работиме на реализација на капиталните инвестиции и изградба на инфраструктурата на државата, за економска стабилност на земјата и подобар живот за сите граѓани“, изјави Бочварски.

Според него, покрај инвестициите во патната и железничката инфраструктура, интензивно се работи и на подобрување на комуналната мрежа во Крива Паланка за што се инвестира преку еден милион евра.

Николовски, пак, изјави дека „овој регион, кој со години беше заборавен, изолиран и запоставен од страна на институциите и државата, сега станува центар на крупни капитални инвестиции“.

Според Бабовски, преку Програмата за рурален развој Крива Паланка реализираше четири проекти со вкупна вредност од околу 50 милиони денари, од кои три самостојни проекти на општината и еден во партнерство со Центарот за развој на Североисточниот регион.

 

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе