Статистика

Во јуни бројот на туристи зголемен е за 16,6 отсто, најбројни од Турција

Бројот на туристите во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 16,6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 15,7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 16,9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 7,2 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9,6 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,2 %, а кај странските има зголемување за 3,5 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,3 %, а кај странските има зголемување за 2,6 %.

Во Македонија најмногу туристи за првите шест месеци од годинава дошле од Турција (19.066 туристи), Србија (6.495) и Полска (6.124).

Најмногу ноќевања оствариле Турците и тоа 26.237, а потоа следат Холанѓаните со 24.332 ноќевања, па Полјаците со 22.574 ноќевања.

Најпосетени места се езерата (50.939 туристи и 134.059 ноќевања) и Скопје (41.578 туристи и остварени 64.532 ноќевања).

Хотелското сместување е најзастапено на пазарот и 52.661 туристи преноќиле во хотелите со 4 ѕвезди односно оствариле 116.843 ноќевања, а потоа следат ноќевањата во хотелите со 5 ѕвездички и тоа 25.981 туристи, при што оствариле 46.535 ноќевања.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе