Ова го соопшти ССМ и градоначалникот Костадинов по денешната средба на која присуствуваа претседателот на ССМ, Дарко Димовски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски, претседателите на општинските синдикални организации и директорите на јавните претпријатија.
„На задоволство на работниците и нивните претставници, градоначалникот Костадинов ги прифати барањата на синдикатите и платите на сите вработени во општината и јавните комунални претпријатија за покаќување од 2.806 денари во нето износ“, информираа од ССМ.
Градоначалникот Костадинов истакна дека во овие сложени услови за работа и на општината и на јавните претпријатија им е тешко да работат, но најтешко им е на работниците на кои треба да им се помогне кога им е најтешко.
Во јавните претпријатија согласно потпишаните спогодби, ќе се склучат и колективни договори на ниво на работодавач со кои ќе биде регулирано ова право.