Анализа

Во јавниот сектор од сите вработени 19,3 отсто се Албанци, наредните вработувања според правичната застапеност

Од вкупно 1.688 лица вработени по Рамковен договор 68 отсто се со високо образование, а 32 отсто со средно образование. Според податоците објавени во анализата на „Порталб“, на листата вработени кои со години седеле дома, а земале плата од Буџетот има дипломирани правници и економисти, професори, детективи, психолози, еколози, режисери, социјални работници.

Дел од институциите веќе ги преземаат административците кои беа вработени по Рамковен договор и во првата фаза се опфатени 958 луѓе, од кои 90% веќе ги прифатиле новопонудените работни места. Според владиниот портпарол Мухамет Хоџа, тие ќе земаат исти плати како и досега.  

„Коефициентот на плата е веќе определен со ситематизацијата во институциите. Ова значи дека платите остануваат исти како и досега, бидејќи вработените се трансферираат согласно постојното звање, односно во согласност со хоризонталната систематизација.  Доколку институцијата има потреба од ново работно место, односно сака преземениот административец да го вработи на друго место за повисока плата, ќе мора да биде објавен јавен оглас, да се бара согласност од Министерството за финансии, односно ќе мора  да се постапи како и за секое друго ново вработување“, вели Хоџа.

Според планираната динамика, во првата фаза на работа се враќаат 958 луѓе, а во втората фаза 730 или вкупно 1.688 лица треба да бидат прераспределни во јавната администрација  и во целиот јавниот сектор. Досега околу 10% од првата група сѐ уште не ја прифатиле понудата за прераспределба, но се очекува дека на крајот од целата операција ќе се реши статусот на сите вработени, односно сите да ги потпишат понудените договори.

Според податоците за степенот на образование, 1.147 од вработените по Рамковен договор се со високо, а 541 се со средно образование. Најголем број од нив или 281 се дипломирани правници, 160 се техничари со средно образование, 157 се професори по јазик, 125 се дипломирани економисти,  90 се дипломирани по бизнис администрација. На листата се и други професии: 7 менаџери по царина и шпедиција, 12 теолози, 16 криминолози, 15 професори по физичка култура, 4 режисери, но има и еколози, дизајнери и еден дефектолог.

Со завршување на оваа операција на реактивирање на вработените по Рамковен договор, не завршуваат и вработувањата по „етнички“ клуч. Од Владата велат дека натамошните вработувања мора да бидат во согласност со законската регулатива преку почитување на правото на правична застапеност.

Според најновите податоци од документот “Годишен извештај од Регистерот на вработените во јавниот сектор“, на крајот од ланската година, во институциите на јавниот сектор имало нешто повеќе од 109.000 вработени.   

Од 109,304 вработени, 82.4, односно 75,36% се Македонци, 21.112, односно 19,31% се Албанци, 2.012, односно 1,84% се Турци, 994, односно 0,91% се Срби, 1.245, односно 1,14% се Роми, 429, односно 0,39% се Бошњаци, 408, односно 0,37% се Власи, а 730, односно 0,67% се други или не се изјасниле. 

Иако платите на 1 688 те вработени по Рамковен договор се дел од вкупната сума на плати што е планирана во Буџетот, а во отсуство на официјални податоци, се смета дека годишно за овие вработени кои седеле дома а земале плата, се трошеле и до 10 милиони евра.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе