Од вкупниот број на вработени, 19.594 се во Армијата, Министерство за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиска полиција, а останатите 111.589 во останатиот цел јавен сектор односно органи на државна и општинска власт.
Шаќири кажа дека од 131.383, во Владата, министерствата, органите на државна власт се вработени 15.945 лица. Во 2019 бројот на вработени во органите на државна власт бил 16.522, а во 2020 е 15.945 што претставува намалување од 577 вработени или за 3 отсто.
Најголем процент од вработените во 2020 се во образование 32 проценти, здравство 19 проценти, управи 14 проценти, комунални дејности 9,6 проценти, детска заштита и социјална политика 6,8 проценти.
Министерот истакна дека за разлика на тоа што во 2020 година бројот на вработени во државниот апарат бил намален, сепак бројот на вработени во здравство, детска и социјална заштита имало зголемување на вработеноста, бидејќи имало потреба.
Повеќе од половината, односно 53,62 проценти од вработените биле со високо образование, а биле вработени и 2.660 доктори на науки.
Извештајот покажува дека во јавниот сектор најголем број од вработените се жени 54,83 проценти наспроти мажите чиј процент изнесува 45,17, а просечната возраст е 46.
Податоците од Агенцијата за привремени врабитувања покажуваат дека, во јавниот сектор, привремено се вработени 2.425 лица.
Во однос на етничката припадност, на ниво на цел јавен сектор Македонците се застапени со 74,49%, Албанците со 20,85%, Турците со 2,18%, Ромите 1,40%, Србите се 1,16%, Бошњаците со 0,51% и Власите 0,49%.